Поминаа 22 години откако актерите се појавија во првиот филм како волшебници во светот на Хогвортс, а сега Даниел Редклиф, актерот кој ја толкува улогата на Хари Потер, ќе стане татко.

Иако сите сè уште го гледаат Редклиф како детето кое стекна слава играјќи го Хари Потер, триесет и тригодишниот актер веќе го очекува своето прво дете.

Даниел Редклиф ја запознал својата девојка на снимањето на филмот на кој работеле и двајцата и истакнал дека тоа било љубов на прв поглед. Идните родители биле фотографирани додека шетаат низ Њујорк. ПР-от на избраничката на Редклиф потврдил дека таа и Даниел го очекуваат своето прво дете, наведувајќи дека актерот е многу возбуден што ќе стане татко.

„Даниел е многу возбуден што ќе стане татко. Неговиот однос со Ерин е навистина посебен и сите мислат дека ќе бидат одлични родители. Досега не сакаа да зборуваат за тоа, но Ерин повеќе не може да го крие својот стомак“, истакнал извор близок до парот.

Извор



912

X