Пред да тргнете на пат, проверете го автомобилот. За децата пригответе лесен оброк во случај да огладнат, па дури и кога им е мачно.

Кинетозата е болест на движење, поточно реакција на организмот на различно, нееднакво движење, а може да се појави и кај деца и кај возрасни, особено ако читаат во текот на возењето. Ако мачнината кај најмладите не е толку силна за да мора да им дадете лек, помогнете им со некои природни средства, на пр., ѓумбир. Овој корен е познат по многу лековити својства, а едно од нив е ублажување на мачнината и тешкотии при варењето.

Поради силниот мирис, на децата купете им лижавчиња од ѓумбир кои се повкусни, а можете и да им подготвите благ чај со малку лимон и мед. Катерина Фехр Шоласент, магистер по фармација, советува на зглобовите на двете раце на децата да ставите акупресурни алки кои ги спречуваат тегобите. Пред и во текот на патувањето не давајте им на децата тешка и мрсна храна, ниту газирани пијалаци. Ќе им биде полесно и ако ја подобрите вентилацијата на воздухот во автомобилот и ако гледаат пред себе, во правецот на движење. Некои деца добро го поднесуваат возењето со автомобил, но им пречи кога се возат во автобус или брод поради интензивните мириси и силното нишање. Ако ништо не помага, во аптеките може да се купат таблети кои се безбедни за деца. Дозирајте според препораките и дајте му од лекот на детето половина час пред да тргнете на пат.

Пред патувањето проверете ја кутијата за прва помош: фластери, газа, спреј за дезинфекција, сируп и чепчиња за температура, кремови против убоди и гребеници. Веројатно веќе и самите знаете што би ви затребало од кутијата за прва помош. Но секогаш е добро двапати да се провери, иако денес во сите туристички места има аптеки. Тоа особено се однесува на лек за астма, ако вашето дете го користи.
Во текот на возењето заштитете ги децата и од сонцето. Децата постари од една година намачкајте ги со заштитно средство, а на прозорците од сите страни ставете заштитни фолии. Немојте да заборавите дека долгото возење им е досадно и на децата. Додека се возат, мора да бидат врзани со ремен.



912

X