Воспитување

Грешки што најчесто ги прават родителите

Ниту еден родител не сака да признае дека детето му е разгалено, а повеќето се убедени дека нивното родителство е беспрекорно. Сепак, експертот за родителство Кирсти Кетли вели дека лошото и разгалено однесување на децата е резултат исклучиво на родителството.

Кирсти смета дека денешните деца се многу разгалени и немаат ни најмала одговорност. За да ставите крај на ова, во продолжение прочитајте ги најголемите грешки во воспитувањето, како и совети како да ги поправите.

Родителите ги извршуваат сите задачи наместо децата

Размислувајќи за најчестите родителски грешки, Кирсти речиси веднаш истакна дека децата денес немаат никакви задачи или обврски во домаќинството. Мајката на две деца, Кирсти, го знае искушението сама да ги заврши потребните домашни работи – на крајот на краиштата, тоа е полесно и поефикасно. Но, токму домашните задолженија се од витално значење за чувството на одговорност кај детето.

За оние што им даваат на своите деца задолженија низ куќата – без разлика дали тоа е миење садови или носење на ѓубрето надвор, експертот ја забележа и тенденцијата на родителите да „плаќаат“ за извршување на овие мали задолженија. Таа неодамна го истражила ова во дискусија со две мајки – од кои едната го принудила нејзиното седумгодишно дете да работи дома за да заработи пари. Иако на крајот сѐ се сведува на тоа секој родител да го прави она што мисли дека е правилно, Кирсти потсетува дека вашето дете ќе се навикне на тоа и на крајот ќе почне да очекува финансиска награда за секоја ситница што ја направило.

Родителот не е пријател

Сите сакаме да имаме добар однос со нашите деца – но постои тенка линија што многумина ја преминуваат, истакнува Кирсти.

– Вие сте родителот, вие сте тој што ги поставува правилата и границите и децата треба да ги почитуваат. Тоа не мора да значи дека треба да бидете особено строги, туку доследни – вели таа.

На многу зафатени родители им е тешко да поминуваат време со своите деца. Некои родители се чувствуваат виновни што не можат да поминат онолку време со своите деца колку што би сакале. Во такви сценарија, тие ќе прибегнуваат кон други, главно материјалистички начини за да го надоместат изгубеното време. Но, Кирсти верува дека на овој начин ги учиме децата на погрешни вредности и воспитуваме разгалени деца. На детето му е потребна родителска љубов, внимание и сигурност.

Попустливи родители

Ако имате деца, ќе знаете колку е тешко да се справите со изливите на гнев. И колку и да е примамливо, попуштањето и давање на вашето дете она што очајно го сака не е секогаш најдобрата опција. Децата понекогаш се попаметни од возрасните и наскоро ќе сфатат дека плачењето и викањето – особено во јавност – е најбрзиот начин да го добијат она што го сакаат.

– Најважното нешто, и знам дека е тешко – е да се остане смирен. Земете длабок здив и останете максимално смирени – затоа што можете да имате поголема контрола кога сте смирени – советува Кирсти. Според неа, ова ќе ги научи вашите деца како да ги контролираат своите емоции. Покажете им дека разбирате зошто се фрустрирани или вознемирени. Но, никогаш немојте да попуштите.

Извор

Поврзани написи

To top