Патувањето со деца е вид предизвик за секој родител. Распоред на хранење, ритуали за спиење и промена на рутината се само некои од прашањата што ги мачат. За да се избегнат класичните грешки што родителите често ги прават, експертот за семејни патувања Саманта Браун направила листа со работи што родителите никогаш не би требало да ги прават додека патуваат со децата:

1. Не сте обезбедиле доволно време пред летот

На прашањето кога е потребно да се тргне на аеродром вообичаено е тешко да се даде точен одговор. Но, ако имате деца, одговорот би требало да биде – пред времето што мислите дека треба. Дури и за краток лет, секогаш запомнете дека мора да поминете низ безбедносни проверки и да дојдете до вратата, што трае малку повеќе кога патувате со деца. Исто така, сметајте дека децата веројатно во најнезгодниот момент ќе ве известат дека треба да одат во веце, па и тогаш ќе изгубите време.

2. Сте заборавиле да спакувате грицки и вода

Ќе ви треба време да набавите грицки и вода, ако веќе ги немате. Ништо не го забавува патувањето, па дури ни краток излет, како гладно дете, а кога сте во странство, не е загарантирано дека брзо ќе го пронајдете вистинскиот оброк.

3. Прерано качување во авион или автобус

Ова треба да се избегнува по секоја цена бидејќи децата се изложени на најстресниот дел од целото патување. Сите се загрижени за својот багаж, неговата положба и слично, па сиот тој хаос ги растревожува децата.

4. Го држите детето в скут

Да купите дополнителна карта или не? Тоа е вистинското прашање. Подобро е децата да имаат свои седишта кога е тоа можно. Се разбира, финансиските причини се разбирливи, но ако тоа се вклопува во буџетот, се препорачува резервација на седиште и за нив.

5. Претпоставувате дека шведската маса е одличен избор

Па и не баш. Тоа само значи дека веројатно и понатаму ќе бидете задолжени за „послужување“ вечера на сите, а додека дојдете вие на ред, децата веќе ќе изедат и нервозно ќе го чекаат моментот кога ќе може да станат од маса. Освен тоа, децата се преплавени со можности за избор, што не ја олеснува работата.

6. Не правите безбедносна проверка штом ќе влезете во хотелската соба или апартманот

Безбедноста мора да ви биде на прво место, а тоа особено важи кога сте на одмор во непознато место. Една од најголемите грешки што можете да ги направите за време на патување е да не се проверат прозорците, балконските врати и балконите на хотелската соба кога ќе пристигнете. Одложете ги сите активности и извршете безбедносна проверка на собата.

7. Не оставате доволно време за одјава

Пакувањето направете го вечерта пред да си одите за да можете да се фокусирате само на појадокот и одењето на аеродром или на автобуска станица, на денот на одјавувањето.

8. Носите претешки работи

Немојте да претерувате со пакувањето. При планирање на патувањето може да изгледа примамливо да се обезбедат доволно комбинации за облекување за сите потенцијални пригоди и тешко е да се спротивставите на тој порив. Но, тоа навистина не ви е потребно и само си го комплицирате патувањето.

9. Не практикувате „раздели па владеј“

Не мора постојано да има семејно зближување и дружење. Ако сте семејство со двајца родители, понекогаш поделбата ја прави транспортацијата полесна. Особено кога се работи за летање со авион – едниот родител се грижи за багажот, другиот ги качува децата. Се препорачува вториот родител да чека додека последното лице не биде повикано. Ако децата се качат последни, со малку среќа авионот ќе полета за 10 минути, а не за 45.

10. Не планирате време за одмор за целото семејство

Важно е да се најде време за децата да се одморат, за и родителите да може да се релаксираат. Децата да имаат свое седиште во авионот е исто така важно во тој случај. Кога детето е во свое седиште во авион или во автомобил, тоа се чувствува пријатно и безбедно, па има можност и да заспие.

Автор: Маја Качру Левин

Извор



912

X