Бременоста е состојба во текот на која жените се среќаваат со многубројни тегоби. На многу жени првото тримесечје им е обележано со утринска мачнина и повраќање. Откако тој период ќе помине, во текот на второто и третото тримесечје се јавуваат грчеви во нозете. Не постои единствен одговор на прашањето зошто се јавуваат. Некои од причините може да бидат:

-Физички замор поради носење на дополнителните килограми од бебето;
-Компресија на вените во нозете;
-Недостиг на хранливи материи (најчесто калциум и магнезиум);
-Хормонски промени;
-Дехидратација.


Како да се спречи појавата на грчеви во текот на бременоста?

Грчевите во нозете не се опасни, но можат да бидат многу непријатни. За среќа, постојат совети што може да помогнат во ублажувањето на грчевите.


Правете вежби за истегнување

Во повеќето случаи, грчевите во нозете се појавуваат ноќе. Појавата на грчеви можете да ја ублажите со истегнување пред спиење. Една од наједноставните вежби е да ги потпрете дланките на ѕид и да стоите оддалечени од него толку колку што ви се долги рацете. Наведнете се нанапред потпирајќи се на рацете, но петите да ви останат на подот. Задржете се во оваа позиција 10 секунди, а потоа вратете се во почетната положба. Повторете ја вежбата 3 пати.

Носете удобни чевли

Бременоста е период кога би требало да заборавите на високите потпетици и чевлите со целосно рамни ѓонови. Наместо тоа, носете удобни патики, на пример, спортски, кои на вашите нозе ќе им ја обезбедат потребната стабилност и удобност, па ќе ја подобрат циркулацијата, со што ќе се намалат отоците во глуждовите и во стапалата.

Останете хидрирани

Секогаш е важно да се пие доволно вода, особено во текот на бременоста. Дехидратацијата е една од потенцијалните причини за појава на грчеви во нозете. Во просек, трудниците би требало да пијат од 8 до 10 чаши вода дневно.

Ставајте топли облоги на нозете

Топлите облоги може да помогнат во опуштање на згрчените мускули. Кога ќе почувствувате грчеви, наполнете термофор со топла вода и ставете ги нозете на него. Ако имате машина за сушење, можете во неа да загреете пешкир и да го свиткате околу ногата.

Обезбедете добри извори на витамини и минерали

Недостигот на калциум и/или магнезиум во организмот може да придонесе за настанување на грчеви. За да ги ублажите, можете да користите додатоци во исхраната кои содржат магнезиум и калциум или да набавите суплементи.

Извор



912

X