1. Јасмина Узунова ни раскажа за градинките во Германија, а тоа беше и најчитаниот текст во 2018 година.
Мајката ни раскажа за системската организираност, односот на воспитувачките и негувателките кон децата, како учат децата, што сè прават, кои се задачите на родителите…
2. Како се снаоѓа Сашко Коцев како татко е приказната што е втора на листата со најчитани.
Порано можев да гризнам некого ако ме разбудеше во 3 наутро, но еве го паметам првото будење од Јоана, вели Сашко.
3. Добри деца не се раѓаат, туку ги создаваат добрите родители. Научете како! Оваа порака ја испрати психологот Биљана Ивановска, која меѓу другите совети истакна: Бидете најдобрата верзија од себеси ако сакате и децата утре да бидат добри родители.
4. Д-р Димитар Гетов е гинеколог без пауза. Тој деноноќно и прегледува и породува во Валандовско.
Д-р Гетов се чини заработува најмногу насмевки низ Валандово. Не само од родителите чии деца ги донел на свет, туку и од децата, од кои дел веќе станале родители.
5. „Како тоа имате четири деца? Маж ти те тера? Не работиш, нели?“ Вакви коментари добиваат наставничката Елена Славчовска и сопругот.
Елена ни раскажа колку е весело во семејство со 4 деца и како се организира.
6. Психологот Радмила Живановиќ зборуваше за својата посвоена ќерка.
„Да те родев, немаше вака убава да те родам“, вели таа.
7. По двајца наставници на час – Помладите ќе учат од поискусните додека предаваат. Образовната реформа што ја најави заменик-министерот Петар Атанасов предизвика големо внимание.
Со промените е предвидено пет-шест наставници во секое училиште да работат како подучувачи, со тоа што ним ќе им биде скратен бројот на часови.
8. Виктор Николовски беше татко на породилно. „Не знаете што пропуштате, тоа е незаборавно искуство“, им порача на другите татковци.
„Ќе сфатат дека никогаш не направиле нешто подобро за себе, за детето, а и за сопругата. Истовремено, ќе добијат вистинска слика за тоа како се чувствуваат нивните сопруги додека секојдневно се справуваат со сопствените деца“, рече Виктор.
9. Облеката зборува за наставникот: Нема авторитет со мини-здолниште и длабоко деколте. Училиштето е огледало на општеството, порачаа педагозите. Наставниците се најважните личности, кои се пример, на кои ќе се угледуваат учениците. Нивното однесување, изгледот и начинот на комуницирање имаат големо влијание врз животот на децата и токму поради тоа, тие треба да се изборат да бидат луѓе вредни за почит во околината.
10. Мамо, другарите си купуваат хамбургери, и јас сакам! Колку пари реално им требаат на децата за на училиште?
Колку пари треба да носат децата со себе на училиште или дали воопшто треба да имаат со себе ако им е организирана исхраната? Дали мали дечиња знаат да си го организираат буџетот или парите дадени од родителите ги трошат за купување нездрава храна и, како што велат наставници, на глупости.