Воспитно-образовните институции треба да воведат ротационо дежурство за издавање на потребните потврди и документи на родителите кои се отсутни од работа поради тоа што се грижат за дете до 10 години, рече министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес-конференција. Ова е една од низата нови мерки за заштита од коронавирусот.
Две лица од Дебар кои биле соседи на тројца претходно откриени заболени од коронавирусот се новите регистрирани случаи во земјава.

-Се задолжуваат сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа , јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица во овие институции и фирми кои користат оправдано отсуство согласно донесените заклучоци, мерки и препораки на Владата, до надлежните организациони единици за човечки ресурси во нивните институции да побараат да достават доказ/потврда за основот на користење на ова оправдано отсуство, (потврда издадена од детската градинка или уплатница за платен надомест за престој во детска градинка, копија од патна исправа за возраста на детето или копија од извод од матична книга на родени, потврда за редовен ученик од образовните институции или копија од свидетелство) – рече Филипче.

Фото: Влада

Владата ги задолжува сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор, за вработените кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот.
Овој заклучок се однесува и на самохраните родители.

Родителите на децата кои не посетуваат детска градинка или не се вклучени институционално во воспитно – образовниот процес, не се ослободени од работа и извршување на работни активности.
– Сите воспитно – образовни институции да воведат ротационо дежурство, со цел издавање на потребните потврди и останати документи – истакна меѓу другото Филипче.



912

X