Истражувањата покажуваат дека по 15 минути разгледување моден магазин, расположението се менува од љубопитност и ентузијазам до споредување и понижување.

Во културата презаситена со дигитално изменети слики на навидум совршени жени, одгледувањето девојче со висока самодоверба и самопочит може да биде застрашувачко. Но, како родители, вие имате големо влијание – и во она што го зборувате и во она што го правите.

Се разбира, тоа не е лесно. По примарната социјализација, која е застапена во семејниот дом, настанува секундарна социјализација – средина, општество и училиште. На сето тоа додајте ги социјалните мрежи и добивате рецепт за „катастрофа“.

Денешните трендови се диктирани од жени со сомнителен морал и вештачки изменет изглед, а ниту една мајка не сака нејзиното девојче да пронаоѓа примери на погрешно место. Како да се спречи тоа?

Еве неколку совети од клиничкиот психолог за адолесценти д-р Мери Руни.

Модел за прифаќање на телото

Мајките имаат огромно влијание врз сликата што ќерките ја создаваат за своето тело. Никогаш не треба да го прашувате вашето девојче: „Дали изгледам дебело во овие фармерки?“

Не зборувајте гласно за вашата опсесија со храната и не минимизирајте го вашиот изглед. Избегнувајте го она што се нарекува „морал на усниот говор“ – зборувајќи за храната и за себе како „добро“ или „лошо“.

Медиумска писменост

Одвојте време и гледајте содржини што ја интересираат вашата ќерка, заедно со неа. Колку и да ви изгледа бесмислено или неинтересно, тоа е вистинско време да го искажете своето мислење и да дадете предлози. Помогнете ѝ да развие критичко око за декодирање и филтрирање на медиумските пораки.

Не воспитувајте ја постојано да им угодува на другите

Охрабрете ја да се залага за она што ѝ треба и што го сака. Создајте ѝ можности да го користи гласот. Прашајте ја „Што сакаш од животот?“ Нека го направи својот избор, а потоа вие почитувајте го.

Тимски спортови во раното детство

Истражувањата покажуваат дека девојките што играат тимски спортови имаат поголема самодоверба. Постои многу честа корелација меѓу девојките што се занимаваат со тимски спортови и девојките што страдаат од ниска самодоверба затоа што бараат валидација во очите на момчињата, а не од своите врснички – истакнува психологот.

Мајки, не позајмувајте облека од вашата ќерка

Треба да му дозволите на детето да го развие сопствениот изглед. Затоа е важно да не купувате облека за ќерките кои влегуваат во тинејџерската фаза, туку да ги оставите сами да изберат.

Насочете ги вашите пофалби

Избалансирајте ги комплиментите за нејзиниот изглед и посветете повеќе внимание на комплиментите за тоа која е и што прави. Предизвикајте се да го споите секој комплимент што ќе го дадете за изгледот на вашата ќерка со најмалку два комплименти за нешто што не е засновано на изгледот и направете го тоа за другите девојки кои ќе ви се најдат на патот – пријателките на вашата ќерка, внуките итн. – истакнува д-р Мери.

Помогнете ѝ да изгради вештини кои се независни од физичката естетика, со тоа што ќе ја вклучите во активности кои градат чувство на самодоверба наместо да се фокусира на надворешноста и да купува материјални работи. Вистинскиот начин за тоа е занимавање со спорт, музика, уметност, сè што може да им помогне на девојките да се изразат преку зборови, креативност или активности, а не преку нивниот изглед или она што го носат.

Пофалете го вложениот труд, а не резултатот

Помалку фокусирајте се на исходот, а повеќе на вложените напори и развивањето нови вештини. Мајсторството е она што гради самодоверба, а учењето да се толерира неуспехот поттикнува издржливост.

Внимавајте кои списанија ги имате во домот

Истражувањата покажуваат дека по 15 минути гледање моден магазин расположението се менува од љубопитност и ентузијазам до споредување и понижување. Ова е особено опасно во денешно време каде што консумацијата на социјалните мрежи е претерана.

Не зборувајте лошо за другите жени

Со вашиот пример поставувате модел на однесување што ќе го следи вашата ќерка. Ако озборувате други жени, големи се шансите и таа да го прави истото. И не дозволувајте тоа да го прават и момчињата или мажите во вашето домаќинство. „Не дозволувајте децата да ве задеваат за храна или за изгледот“ – заклучува доктор Мери.

Не третирајте ја како дама во неволја

Ова е особено точно за татковците. Јасно е дека таа е вашата принцеза и сакате да ја заштитите, но ако го правите тоа претерано, таа постојано ќе се потпира на машкиот пол во текот на животот за да ја спасува.

Извор



912

X