Воспитување

Гордоста кај децата може да биде клуч за успех. Нека стане мотивациска алатка

Истражување направено минатата година од страна на германски истражувачи следело повеќе од 3.000 ученици по математика од петто до деветто одделение

Родителите знаат дека внатрешната мотивација и храброста се градежни блокови за успех, но тие понекогаш се борат со тоа како да им ги всадат овие квалитети на своите деца. Неодамнешните истражувања откриваат дека постои една изненадувачка и честопати занемарена клучна состојка: гордоста.
Хубристичка гордост – чувство на ароганција на надреден над другите – некогаш се сметала за најсериозен од седумте смртни гревови. Но во последниве години истражувачите почнале да се фокусираат на поздрав и попродуктивен вид гордост.
Автентичната гордост е длабокото лично задоволство од постигнувањe вредна цел. Овој вид гордост може да поттикне видна самодисциплина и напорна работа што е потребна за човек да остане мотивиран, да ги надмине предизвиците и да постигне многу.

Подобри резултати

Истражување направено минатата година од германски истражувачи следело повеќе од 3.000 ученици по математика од петто до деветто одделение. Учениците што пријавиле дека чувствуваат позитивни емоции, како гордост и уживање, во врска со нивната работа, имале значително подобри достигнувања од учениците што имале исто ниво на способност, но помалку позитивни емоции.
Позитивните емоции како гордоста генерално ја зајакнуваат активноста, вели водечкиот истражувач Рајнхард Пекран од Универзитетот во Минхен. На пример, гордоста – знаејќи колку добро ќе се чувствува ученикот ако добие петка на тестот по математика, може силно да го мотивира да вложи напор и да го постигне тој резултат.
Од друга страна, и чувството на недостиг на гордост во работата може да го мотивира ученикот, покажува истражување од 2016 година што следело повеќе од 1.000 ученици што се запишале на часот по психологија.
По тестот, истражувачите ги анализирале студентските однесувања и нивното ниво на гордост за тестовите. Тие откриле дека оние што имале добри резултати имале чувство на гордост за разлика од учениците што имале пониски перформанси.
Гордоста дејствува како барометар за постигнување, вели коавторот на истражувањето, Џесика Трајси, професор по психологија на Универзитетот во Британска Колумбија.
– Недостигот на гордост кај учениците сигнализира дека нешто не е во ред. Тоа ги натера да учат понапорно за да можат да се чувствуваат подобро за себе на следниот тест. Гордоста ве тера да ги вреднувате долгорочните цели повеќе од сегашните – вели Дејвид де Стено, професор по психологија.
Гордоста ги поттикнува и тркачите да тренираат понапорно и оние што држат диета да му одолеат на искушението.

Правилно мотивирајте го детето

Родителите играат клучна улога во градењето на гордоста на нивното дете.

– Нашиот мозок знае како да ја прифати гордоста во спортовите или оценките, така што децата првично ги набљудуваат родителите, а потоа и наставниците и врсниците за да дознаат што се вреднува од оние околу нив – вели Де Стено.
За да го научите детето како да ја користи гордоста како мотивациска алатка, прашајте го како се чувствувало кога добило петка на тестот, како се чувствувало кога го изградило авионот или кога ја отсвирило песната? Објаснете му дека постојат конкретни чекори што може да ги направи за повторно да се чувствува добро.
Но гордоста не треба да се чувствува само кога е постигната целта. За детето да остане суштински мотивирано, мора да чувствува дека се подобрува на патот кон целта и затоа гордоста треба да ја чувствува во малите успеси.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top