Во интервју за „Ентертејмент тунајт“, славниот готвач изјавил дека речиси никогаш нема време за одмор. Дури и кога ќе дојде дома, метежот и брзањето не престануваат поради шесте деца.

-Домот на семејството Ремзи е како да водите ресторан од кој никој не си оди дома. Појадок, ручек и вечера. „Тато, може ли вечерва да го јадеме тој рамстек?“ Само што завршивме со ручекот! Можете ли да ми дадете една минута? – се пожалил Ремзи. „Искрено, никогаш не си слободен“.

И покрај тоа, 57-годишниот готвач вели дека имањето шест деца отсекогаш било желба на неговата сопруга Тана, а и негова. „Тоа беше нашиот сон, чие остварување беше на прво место“, рекол Ремзи. Двојката е во брак од 1996 година, а во ноември го доби своето шесто дете Џеси. Заедно со Џеси ги имаат и Меган (25), близнаците Џек и Холи (23), Матилда (22) и Оскар (4).

Ова не е првпат Ремзи јавно да зборува за татковството. По раѓањето на Џеси, славниот готвач на шега прокоментирал: „Сигурен сум дека ќе бидам најстариот татко во училиштето, па тогаш нема да ги симнувам капата и очилата“.

Ремзи не е единствениот славен татко со многу деца. Во таа група се и Ник Канон, кој е татко на 12 деца што ги има со шест жени, потоа Илон Маск, кој има десет деца со три различни мајки и Роберт де Ниро, кој го доби своето седмо дете на 79-годишна возраст.

Автор: Карина Шиждрак

Извор



912

X