Од возраста на која стануваме ученици до оценките што ги добиваме на тестовите, искуството во образованието е различно во различни европски земји. Еве неколку интересни факти за тоа како изгледа да се биде ученик во другите земји.

Сите ученици во светот пишуваат домашни задачи, добиваат оценки и споделуваат други заеднички искуства, но школувањето се разликува од земја до земја. Ако ги погледнеме само земјите во Европа, ќе видиме дека образовните системи на одделни земји се разликуваат, меѓу другото, и во однос на возраста на која децата почнуваат прво одделение, начинот на оценување и распоредот на часовите.

Така, на пример, во Франција учениците имаат часови во една смена, а во училишниот распоред има голема пауза за ручек. Во училишната менза би ви биле послужени низа предјадења или десерти, главно јадење, прилог и млечен производ. Од пијалаци се служи само вода. Францускиот образовен систем става голем акцент на здравата исхрана, а тоа вклучува и доволно време за јадење храна. На тој начин би имале до два часа време за ручек и голем одмор.

Иако на овие простори сме навикнати на оценки од 1 до 5, сигурно знаете дека тоа не е случај во сите делови од светот. На пример, системот на оценување во Германија е спротивен од нашиот. Ако таму добиете единица на тестот, тоа значи дека сте решиле повеќе од 90 отсто од тестот. Во Германија оценките се движат од 1 до 5 или 6, а 1 означува највисока оценка, додека 5 или 6 се најниски.

Повеќе интересни факти за образованието во други земји можете да дознаете во видеото подолу.

@srednja_hr Što kažete na veliki odmor od dva sata? ? Više zanimljivih činjenica o obrazovanju u Europi pronađite na linku u opisu profila! #srednjahr #justsrednjathings #skola #velikiodmor #obrazovanje #zanimljivosti #hrvatska #europa #europskiparlament #eu ♬ Chill Vibes – Tollan Kim

Извор



912

X