Преслатко бебе ги изненади лекарите во Унгарија поради седата коса со кое е родено. Имено, кога се родило ова момче, лекарите мислеле дека е албино, но се покажало дека неговата коса едноставно нема пигмент.

Иако неговата седа коса најпрво била припишана на постнаталниот стрес, д-р Золтан Кумер ја негира оваа можност. Свое мислење за овој случај изнесоа лекари од целиот свет, кои генерално веруваат дека неговата коса моментално е без пигмент и дека за неколку години ќе потемни. Во принцип, бебињата развиваат меланин како што стареат.

Момчето во Унгарија го добило прекарот „малиот принц“, а името му е Бенце.

Извор



912

X