Песната „Девојка со кафена кожа“ (англ. Brown Skin Girl) во новиот филм „Кралот лав“, која ја изведува Бијонсе, оваа недела беше вистински хит. Причината за тоа е постарото братче што ѝ ја испеа песната на својата мала сестричка.
Имено, кога Џесика Харис објавила видео во кое нејзиниот син Изаја ѝ пее на малечката од четири месеци, Паркер Роуз, не ни сонувала дека тоа видео ќе стане вирален хит.
„Ретко ќе наидете на содржина што ги поддржува жените со темна боја на кожата, па оваа песна ме прави среќна. Секое утро се будиме со оваа песна, така го почнуваме денот“, открива Џесика.
Снимката има повеќе од 80 илјади прегледи, а ја споделила дури и мајката на славната Бијонсе.