Игротека

Го приспособил игралиштето за својата ќерка која е во инвалидска количка. Потоа други градови го прифатија неговиот дизајн

Кога овој посветен татко од Орегон го револуционизира локалното игралиште во Портланд, тој само планирал да го приспособи за неговата ќерка Харпер, која цел живот е во инвалидска количка.

11 години подоцна неговите идеи ги направија игралиштата позабавни и подостапни за сите – без оглед на нивната попреченост.

Џеј Коди Голдберг бил инспириран да го редизајнира модерното игралиште откако првпат ја однел Харпер во 2009 година. Тој открил дека игралиштето е недостапно за неговата 4-годишна ќерка.

Откако слушнале за фрустрациите на Голдберг, градските паркови и одделот за рекреација изјавиле дека немаат пари за нови проекти, но би сакале да ја поддржат реконструкцијата доколку е приватно финансирана.

Токму затоа, семејството Голдберг ја лансира „Харперс плејграунд“, непрофитна организација посветена на отворање игралишта во САД со пристап за оние со хендикеп – по три години неуморно собирање средства, во ноември 2010 година беше отворен првиот парк.

Игралиштето располага со сè, од музички инструменти и опрема за игра со пристап за оние со инвалидска количка, до зелени социјални простори и поплочени рампи – кои ги користат скејтбордери и корисници на инвалидска количка. Игралиштето има три нивоа за забава на децата.

– Просторот треба да биде физички достапен, па ако некој користи инвалидска количка, треба да може да пристапи секаде. Третото ниво се нарекува емоционално привлечно ниво, со што тука е употребена уметноста, добрите дизајнерски линии, музиката и сите оние работи што им овозможуваат на децата подобра емотивна состојба – вели Голдберг.

Од лансирањето на паркот во Портланд оваа непрофитна организација инспирира изградба на неколку други слични игралишта низ САД.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top