И годинава уживавме во новогодишната атмосфера на многу училишта. Во малку поинаков формат, преку видео, одблиску го доживеавме празничниот дух.
Учениците и училишниот кадар со голема посветеност ги разубавија просториите и ни дозволија и ние да ѕирнеме и да уживаме во магијата.
Годинава титулата најдобро украсено училиште, според бројот на гласовите, ќе ја понесат две училишта, и тоа: ОУ „Александар Македонски“ и ОУ „Лазо Ангеловски“ од Скопје.
Деца.мк и „Светот на Биби“ им се заблагодаруваат на сите училишта што учествуваа во изборот.
Во продолжение е даден принт-скрин од бројот на лајкови од страницата на Деца.мк:
912