Тонилин Хорннаг е писателка и мајка на 5-годишно момче кое сѐ уште спие во истиот кревет со неа и нејзиниот сопруг. Во својата колумна за веб-страницата „Кафемам“ оваа мајка објаснува зошто ѝ е смачено од осудувањето поради заедничкото спиење.

Креветчето на мојот син стои во собата како споменик на мојот срам

Мојот син никогаш не ја помина ноќта во него. Денес, мојот син мисли дека креветчето е одлично место за чување играчки и чорапи што го изгубиле својот пар. Тој не знае која е целта на тоа креветче затоа што спие со мене и сопругот  уште од неговото раѓање. Ние практикуваме заедничко спиење. И пет години подоцна, и понатаму чувствувам дека ме осудуваат како мајка затоа што не си ја завршив работата како што треба.

Додека бев бремена, читав многу книги за родителство и правев многу планови. Цел ми беше да го најдам природниот ритам на бебето и да поставам реален распоред. Ќе бидам првата мајка во историјата што ќе спие многу. Бев подготвена трудница. Но, не бев подготвена за грчевите на моето бебе. Не постоеше природен ритам кај плачењето, што нѐ држеше будни цела ноќ. Поради грчевите, врескаше како постојано да гледа хорор-филм. Бев очајна да најдам начин да им помогнам на сите да заспијат.

Стави го бебето во креветот и повеќе никогаш нема да можеш да го одвикнеш од заедничко спиење

Ова предупредување ми ѕвонеше во ушите како гадно пророштво што треба да го следам. Во таа морничава иднина на споделување на креветот, моето бебе ќе порасне во дете зависно од родителот затоа што не му дозволив да биде независно во својот кревет. Секако, имав пријателки што го делеа креветот со своите деца и обожаваа заедничко спиење, но ништо не ме плашеше повеќе од оние што ме предупредија против тоа. Замислував дека нашиот син никогаш нема да биде во можност да го исполни своето вистинско значење поради заедничкото спиење, дека ќе спие со нас до средно и слично.

И покрај сѐ, одлучив да им се придружам на среќните спијачи што делат кревет со децата и решив подоцна да се грижам за одвикнувањето. Но, тоа подоцна никогаш не дојде.

За среќа, открив многу придобивки од заедничкото спиење. Откако прочитав и слушнав многу негативни коментари за сите недостатоци и последици од заедничкото спиење, навистина се исплашив. Но, кога видов дека станува независен и вели: „Мамо, можам сам“, моите грижи исчезнаа. Немаше проблеми со спиењето и јасно можев да ја забележам неговата самодоверба и независност во текот на денот.

Заедничкото спиење не е избор поради неуспехот, туку правилен избор што го донесуваме секој ден

Сепак, заедничкото спиење ме етикетира како одреден „тип“ на родител иако не сум сигурна кој тип е тоа.

Се надевам дека тоа е тип кој го сака своето дете и се грижи за него. Нашето заедничко спиење и не е толку различно од спиењето на децата во нивните креветчиња. Моето дете и понатаму има распоред на спиење. Самостојно е и заедничкото спиење никогаш не го спречило да го исполни својот целосен потенцијал.

Би сакала и другите да знаат дека заедничкото спиење не е избор поради неуспех, туку правилен избор што го донесуваме секој ден. Сфаќам зошто луѓето се изненадуваат кога ќе слушнат дека петгодишно дете и понатаму спие со своите родители, бидејќи тоа не е норма. Но, тоа е мој кревет и горда сум што сѐ уште можам да го делам со моето дете.

Извор



912

X