Игротека

Го бараме гласот на Биби!

Деца.мк објавува отворен кастинг за гласот на Биби, заштитниот лик на порталот. Кастингот е отворен за сите кандидатки кои можат да имитираат детски глас. Професионално глумечко искуство е пожелно, но не и задолжително.

Биби е динамично, љубопитно, интелигентно и игриво девојче со кое македонските деца ќе можат истовремено и да учат и да се забавуваат. Сведоци сме дека поради недостиг од ваков тип на материјали достапни на мајчин јазик, нашите деца денес подобро говорат англиски, отколку македонски.

Првата фаза на кастингот ќе се врши преку интернет. Сите заинтересирани актерки треба да се пријават на адресата info@deca.mk, по што ќе им биде доставен краток текст од кој понатаму ќе треба да пратат аудио снимка од нивната интерпретација на Биби на истата адреса.

Во втората фаза, ќе биде извршена потесна селекција на кандидати, кои ќе бидат викнати на разговор и кастинг во живо, по што ќе бидат објавени и резултатите од конкурсот.

Ве очекуваме да се пријавите и да бидете дел од оваа незаборавна авантура! 🙂

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top