Нема ништо полошо од гледањето на беспомошното дете како искусува болка. Сепак, дел од детството ги вклучува и стандардните болести и повреди како изгребани колена, каснувања од инсекти и модринки на лактите. Но, кога ќе почнат регуларно да се појавуваат главоболките, тогаш родителите започнуваат да се грижат. Кога возрасните лица добиваат главоболки, вообичаено го знаат изворот на нивната болка и наоѓаат олеснување во промени во животниот стил или во лековите, а главоболките им ги припишуваме на стресовите од секојдневните обврски. Но, сето тоа може да биде различна приказна кога децата имаат главоболки. Малите деца не можат да ви кажат за каква болка се работи и често тоа го отежнува процесот на помагање.

Ова се неколку вообичаени типови главоболки, нивните причини и начини за третирање. Малите деца може да имаат и мигрени. Симптомите се следните:

– Мачнина
– Повраќање
– Абдоминална болка
– Чувствителност на светлина (може да биде екстремна)
– Болка која се влошува
– Болка која е пулсирачка, остра или со тресење.

Третманот за мигрени вообичаено е одмор, отстранување на стресорите како светлина и врева и лекови против болка. Разговарајте со лекар пред да му дадете  какви било лекови на детето, особено ако тоа има некои состојби на кои лековите може да му наштетат.

Тензична главоболка

Тензичните главоболки се чести кај родителите кога се под стрес, но и децата ги имаат. Симптомите често вклучуваат:

– Спазам на мускулите на задниот дел од главата и вратот
– Средна до засилена болка која не пулсира
– Болка која не се влошува со физички напор

Малите деца што доживуваат тензични главоболки не можат да артикулираат што чувствуваат, па може да бидат неактивни и тивки, или пак да молчат. За да се третира тензична главоболка, утешете го детето и обезбедете му тивка и пријатна средина. Нека пие доволно течности и нека се одмори. Може да се обидете и со лекови за намалување на болката, но претходно разговарајте со вашиот лекар.

Кластер-главоболки

Овој тип главоболки не се вообичаени кај децата под 10 години. Ако мислите дека се работи за таква главоболка, јавете му се на вашиот лекар. Тие главоболки се случуваат со регуларна фреквенција на кратки периоди, како на пример 5 или повеќе епизоди неделно.

– Типично, овие симптоми се појавуваат дневно во период од една недела пред да исчезнат. Симптомите се: остра, прободувачка болка на едната страна од главата, водени очи, течење на носот, иритација… Типично траат помалку од 3 часа во рамките на една епизода.

Третманот вклучува одмор, хидрирање и лекови против болка. Ако е присутна 15 дена или повеќе, тогаш лекарот може да ја дијагностицира како хронична и да развие план за третман.

Кога да се јавите на лекар

Главоболките се ужасно искуство за секого, но особено за малите деца кои можеби не знаат како да го вербализираат искуството и начинот на кој се чувствуваат. Ако се појави некој од следните симптоми, тогаш веднаш јавете се на лекар:

– Главоболка по повреда
– Промени во карактерот
– Влошување на болката или фреквентноста на главоболката
– Главоболка која го буди детето од спиење
– Треска или вкочанетост во вратот

Автор: Сара Котрел

Извор



912

X