За да научите нешто за природата на главоболките на вашето дете, вашиот лекар веројатно би ве советувал да обрнете внимание на:

– Историја на главоболките. Вашиот лекар ќе побара да ги опишете, вие и вашето дете, главоболките во детали за да се види дали има одредена рамка или заедничка причина зошто се случуваат. Лекарот може да ве праша дали забележувате кога се случуваат главоболките за да имате детали за времето на траење и појавата на главоболките кај детето, како и фреквентноста, јачината на болката и можните причини.

Физички преглед. Лекарот ќе изврши физички преглед, на пример, тежината, висината на детето, обемот на главата на детето, крвниот притисок и пулсот, како и преглед на очите, вратот, главата, рамената и ‘рбетот на детето.

Невролошки преглед. Лекарот ќе провери дали има некои проблеми со движењето, координацијата или сетилата кај детето.

Ако детето е здраво, а главоболките се единствениот симптом, нема да бидат потребни дополнителни тестирања. Во некои случаи, сепак, скенирања и евалуации може да помогнат во поставувањето на дијагнозата или за исклучување на одредени медицински состојби што би ги предизвикале главоболките. Таквите тестови вклучуваат:

– Магнетна резонанција – се користи за да се создаде детален преглед на мозокот. Снимките им помагаат на лекарите да дијагностицираат тумори, мозочни удари, аневризми, невролошки болести и други абнормалности на мозокот. Исто така, може да се користи и за испитување на крвните садови во мозокот.

– Компјутерска томографија – со оваа процедура, која се состои од серија компјутерски насочени х-зраци, се обезбедува напречен пресек на мозокот од детето. Со тоа се дијагностицираат тумори, инфекции и други медицински проблеми што предизвикуваат главоболки.

– Спинална/лумбална пункција – ако лекарот се сомнева дека има некоја состојба како бактериски или вирусен менингитис, кој предизвикува главоболки, може да ја препорача оваа дијагностичка мерка.

Третман

Вообичаено главоболката се третира со одмор, намален звук, многу течности, балансирана исхрана и лекови против болка. Ако детето е постаро и има чести главоболки, треба да учи како да се релаксира и да го менаџира стресот преку различни форми на терапија.

Лекови

– Лекови против болка може да помогнат. Треба да се земат при првиот знак за главоболка. Зборувајте со лекарот ако имате некакви грижи.

– Препишана терапија. Терапијата што се користи за третирање мигрена е ефективна и може да се користи безбедно кај деца постари од 6 години. Ако детето има чувство за гадење и повраќа со мигрените, лекарот може да препише лек против мачнина. Терапијата зависи од дете до дете. Внимавајте на прекумерно дозирање со лекови. Со текот на времето лековите против болка може да ја изгубат ефективноста. А и сите лекови имаат нуспојави. Разговарајте за ризиците со вашиот лекар.

Терапија

Стресот не ги предизвикува главоболките, но може да биде поттикнувач или да ја влоши болката. Депресијата и другите ментални нарушувања може да играат голема улога во појава на главоболка. Во таков случај, лекарот може да препорача некоја од бихевиоралните терапии, на пример:

– Релаксација – ваквите техники вклучуваат длабоко дишење, јога, медитација и прогресивно опуштање на мускулите. Така се ослободувате од тензијата, додека секој мускул во телото не се опушти. Поголемо дете може да ги учи техниките дома преку книги и видеа.

– Био-фидбек тренинг – се работи за контрола на одредените реакции на телото за да се намали болката. За време на сесијата детето се поврзува со уред кој ги мониторира функциите во телото, како мускулната тензија, чукање на срцето и крвен притисок. Детето тогаш учи како да ја намали мускулната тензија и да го забави чукањето на срцето и дишењето и подобро да се справи со болката.

– Когнитивна бихевиорална терапија – со оваа терапија му се помага на детето да научи да го менаџира стресот и да ги намали фреквенцијата и јачината на главоболките. За време на оваа терапија на зборување советникот му помага на детето да научи начини за согледување и справување со животните случувања на попозитивен начин.

Извор



912

X