Воспитување

Главни разлики помеѓу просечниот и мудриот родител

Од мали нозе децата усвојуваат сѐ што гледаат и слушаат од своите родители. Иако да се биде родител не е воопшто лесно, да се биде мудар родител е уште потешко. Постојат одредени разлики помеѓу просечниот и мудриот родител, а токму овие ситници можат да имаат огромно влијание врз нивните деца, и во детството и во зрелоста.

Просечниот родител го поминува слободното време со детето, додека мудриот родител се грижи за себе, давајќи му добар пример на детето

Додека растат, децата треба да истражуваат што е можно повеќе, а кога не им дозволувате време за себе, тие почнуваат да се двоумат кога ќе наидат на нови работи. Затоа, потрудете се одвреме-навреме да му давате простор на вашето дете за да стане позрело и независно, а притоа да се грижи за себе за да види какво однесување е правилно.

Просечниот родител се справува со последиците од проблемот, а мудриот се справува со неговите причини

Повеќето родители обично го казнуваат своето дете кога ќе направи нешто погрешно и не размислуваат за причините што довеле до тоа. Ова е погрешно бидејќи ако не научи што згрешило и што довело до проблемот, детето ќе го повторува истото одново и одново. Затоа мудрите родители обрнуваат внимание на решавање на причината.

Просечниот родител ги дава одговорите, а мудриот ги учи децата сами да ги пронајдат

Учењето на детето да биде независно ќе му го олесни животот во иднина. Психолозите препорачуваат да не му правите услуга на детето со тоа што ќе му го пронајдете решението, туку да му дозволите понекогаш да го реши проблемот што го има, бидејќи тоа е вистинскиот начин на учење.

Просечниот родител го споредува детето со другите, додека мудриот го поттикнува детето да биде свое

Една од најголемите грешки што може да ги направи родителот е споредувањето на своето дете со некој друг. „Зошто не си како него/неа“, „Тој/таа никогаш не би го направил/а тоа“, „Како може тој, а ти не можеш“, се само дел од речениците кои често ги изговараат родителите кои не размислуваат за последиците од нивните изјави, предупредуваат експертите.

Просечниот родител бара детето да си го одржи зборот, додека мудриот со сопствен пример покажува како се прави тоа

Кога нешто ветуваме, треба да се држиме до тоа, но нема да го принудите вашето дете да ја научи оваа навика. Наместо тоа, покажете му со сопствен пример како се однесува одговорна личност и вашето дете од прва рака ќе види како треба да се однесува.

Просечниот родител се грижи детето никогаш да не греши, додека мудриот знае дека грешките се дел од животот

Иако е сосема разбирливо дека ниту еден родител не сака неговото дете да влезе во неволја или да наиде на некаков проблем, мораме да бидеме реални и да признаеме дека тоа е неизбежно. Затоа, понекогаш дозволете му на вашето дете да греши, оставете го да учи од сопствените грешки, а тоа ќе го направи посилно и поодговорно во иднина.

Просечниот родител вели „не прави го тоа“, додека мудриот вели „размисли за последиците“

Родителите често обрнуваат премногу внимание на своите деца за да не направат некоја глупост, но она што го забораваат е да им ја кажат причината за тоа. Кога детето не знае зошто не смее да прави или да каже одредена работа, разбирливо е дека тоа нема да го избегне. Затоа е важно родителот да му укаже на детето на можните последици од неговите постапки.

Просечниот родител се труди да биде совршен, а мудриот – таков каков што е

Мудриот родител е свесен дека не е совршен и се обидува тоа да му го објасни на своето дете, не дозволувајќи му да формира мислење дека родителот е безгрешно суштество кое никогаш не згрешило. Апсолутно никој од нас не е совршен, а мудриот родител знае дека треба да го подготви своето дете за тоа уште од мали нозе.

Просечниот родител мисли дека е учител, додека мудриот родител сфаќа дека треба да биде многу повеќе од тоа

Родителите по природа се авторитативни, но од нив зависи како ќе се однесуваат со своето дете. Кога ќе му станете пријател на вашето дете, тоа му дава самодоверба да ви верува вистински и да почнува да споделува сè со вас, дури и најголемите проблеми што повеќето деца ги кријат од своите родители.

Просечниот родител му кажува на детето што да прави, додека мудриот му покажува на детето зошто начинот што тој го предлага е подобар

Кога му наметнувате одлука на вашето дете, тоа речиси секогаш го прави спротивното, но кога ќе се обидете да му објасните кој пат треба да го избере и зошто, тоа може да му помогне на крајот да ја донесе вистинската одлука. Имено, родителите често мислат дека е невозможно детето да расудува, но тоа не е секогаш така. Строгите родители воспитуваат строги деца, а родителите што имаат разбирање одгледуваат одговорни деца.

Извор

Поврзани написи

To top