Во повеќето случаи непријатноста при овулација е кратка и безопасна. Може да забележите еднострана абдоминална болка неколку минути или дури неколку часа во денот кога се сомневате во овулација. Овулацијата вклучува оток и потоа прекин на фоликуларната циста за ослободување на јајце-клетката.

Откако ќе се ослободи јајце-клетката, фалопиевата туба се собира за да ѝ помогне да стигне до сперматозоидот што чека за оплодување. Крвта и другата течност од пукнатиот фоликул може да навлезат и во абдоминалната празнина и карлицата при овој процес и да предизвикаат одредена иритација, објаснуваат гинеколозите.

Чувството на болка за време на овулацијата може да варира од тапа болка до остри сензации. Исто така, болката може да биде придружена со исцедок, а понекогаш дури и со слабо крвавење. Но, доколку болката стане премногу силна или трае предолго, неопходно е да се консултирате со гинеколог. Како што објаснуваат, постојат неколку причини зошто може да имаме болна овулација, а тие не се толку безопасни.

Тие вклучуваат:

-една или повеќе цисти на јајчниците
-ендометриоза
-инфекција
-сексуално пренослива болест
-вонматерична бременост.

Токму поради сè почестите гинеколошки проблеми, лекарите препорачуваат секоја жена да прави задолжителен гинеколошки преглед еднаш годишно, но почесто доколку има проблем што треба да се третира или симптоми кои не изгледаат вообичаено.

Извор



912

X