Високото ниво на шеќер во крвта може да ви предизвика проблеми и вам и на бебето. Бебињата обично имаат поголема породилна тежина кога мајката има гестациски дијабетес (или труднички дијабетес), што може да предизвика проблеми во текот на породувањето. Исто така, вашето бебе може да се роди со пониско ниво на шеќер во крвта. Но, покрај лекувањето, повеќето жени што имаат гестациски дијабетес може да го контролираат нивото на шеќер и да ја одржат бременоста здрава. Жените што имале гестациски дијабетес поверојатно е дека во подоцнежниот период од животот ќе развијат дијабетес тип 2. Сепак, можете да го ублажите дијабетесот со начинот на живот, така што ќе одржувате идеална тежина, ќе се храните здраво и ќе бидете физички активни.

Што предизвикува?

Панкреасот го произведува хормонот инсулин. Инсулинот му помага на вашиот организам правилно да го користи и складира шеќерот од храната. Овој баланс го одржува нивото на шеќер во крвта во правилен распон. Во текот на бременоста постелката создава хормони кои ја отежнуваат работата на инсулинот. Ова се нарекува инсулинска резистенција. Трудниците може да добијат дијабетес кога панкреасот не може да произведе доволно инсулин за да го одржува нивото на шеќер во крвта во нормален распон.

Кои се симптомите?

Гестацискиот дијабетес нема симптоми и затоа на редовните прегледи во текот на бременоста се проверува и нивото на шеќерот во крвта. Бременоста предизвикува зачестено мокрење и постојано чувство на глад. Ако ги имате овие симптоми, кои се едни од симптомите на дијабетесот, не мора да значи дека имате труднички дијабетес. Разговарајте со вашиот гинеколог.

Како се третира и лекува?

Некои жени со гестациски дијабетес може да го контролираат нивото на шеќер во крвта со правилна и здрава исхрана, редовно и лесно вежбање. Овој здрав начин на живот може да ја спречи појавата на гестациски дијабетес во доцните бремености и развивање дијабетес тип 2 подоцна во животот. Гестацискиот дијабетес мора редовно да се контролира кај гинеколог, а по потреба да се прават и тестови дома. Ако е потребно, покрај правилната исхрана, по совет на ендокринолог може да добивате и инјекции инсулин за да се контролира нивото на шеќер во крвта.

Извор



912

X