Лекарот ви кажал дека бебето е поголемо отколку што би требало да биде во таа недела од бременоста? Што значи тоа и дали има причина за страв.

Бебе големо за датумот значи дека е поголемо во однос на просечната тежина на бебињата во таа недела од бременоста. Тоа не треба да ве загрижува. Тоа, исто така, не значи дека ќе родите преголемо бебе, ниту дека ќе има некој проблем со здравјето. Постои можност лекарот едноставно да сака вас и бебето малку подобро да ве погледне, па да предложи дополнителни прегледи ако има некаква потреба.

Што велат експертите за тоа?

Докторот Филипа Каје предлага да проверите дали имате гестациски дијабетес, бидејќи тоа може да биде потенцијална причина. Постојат и мајки што ја проверуваат функцијата на штитната жлезда. Нема причина за страв и ова да ве загрижува. Доколку вашиот лекар ве упати на тие прегледи, тоа ќе биде чисто од претпазливост. Доктор Баски Тилгантна вели: „Повеќето мајки чии бебиња се големи или мали, носат бебиња кои се здрави, а едноставно големи или мали.“

Разбирливо и очекувано прашање.

Бабиците сепак советуваат воопшто да не се грижите за тоа. Сите опции ќе ви бидат предложени од страна на лекарот и ќе тој ви укаже која е најбезбедна за избор. Тоа што бебето е поголемо за датумот, апсолутно не мора да значи дека ќе се роди големо.

Извор



912

X