Здравје

Германски експерти сметаат дека за децата од 5 до 11 години е потребна една доза вакцина против ковид-19

Германскиот советодавен одбор за вакцини проценува дека една доза од вакцините против ковид-19 е доволна за заштита на здравите деца на возраст од 5 до 11 години, бидејќи повеќето од децата веќе биле изложени на инфекцијата.

Позицијата на 18-членото советодавно тело (СТИКО) е во спротивност на регулативата во рамките на ЕУ, според која се предвидуваат две дози вакцина за таа старосна група.

Американските здравствени власти минатата недела дури одобрија трета, засилена доза за децата.

Претходниот став на експертското тело од декември минатата година беше дека за оваа старосна група вакцинацијата треба да биде ограничена на оние што се изложени на ризик од развивање тешки форми на ковид-19 или на оние што живеат со лице во ризик. Ставот тогаш беше критикуван како недоволен за да се следи брзината на ширењето на инфекцијата со коронавирусот.

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах рече дека целосно го поддржува ставот на СТИКО.

Извор: МИА

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top