Германскиот министер за здравство Јанс Шпан планира закон според кој со парична казна од 2.500 евра ќе ги санкционира родителите кои своите деца не ги вакцинираат против морбили.

– Нашата цел е да се спречат децата да се заразат од морбили. Затоа сите деца во градинките и училиштата мораат да имаат потврда дека се вакцинирани – изјави Шпан.

За родителите кои нема да го почитуваат овој закон се предвидени парични казни од 2.500 евра и забрана на децата да одат во градинка.

Децата не може да се исклучат од училишната настава поради училишните обврски. Родителите на децата кои веќе одат во градинка или на училиште, имаат време во рок од година дена да достават потврдат за вакцина.


– Сите родители мораат да бидат сигурни дека децата нема да заразат други деца – објаснува министерот за здравство.

Според статистиките на Епидемиолошкиот институт „Роберт Коч“, 93 отсто од децата во Германија се вакцинирани против морбили. За искоренување на оваа болест, според експертите, потребен е опфат од 95 отсто.

– Сакам да се искоренат морбилите. Но 95 отсто не можеме да реализираме без оглед на кампањите и апелите. Затоа мора да се одлучиме за вакви мерки – изјави Шпан.

Последните неколку месеци, во повеќе делови од Германија беа затворени училишта и градинки поради голем број на деца заразени од морбили. Вакцинирањето во Германија досега не беше задолжително, туку доброволно.



912

X