Игротека

Поопасни игралишта за децата во Германија – нов тренд

Во последните пет години во Германија преовладува нов тренд. Безбедносните критериуми се намалени со цел да се воведат „поопасни“ елементи во детските игралишта и на тој начин да се научат децата да се справуваат со ризикот и да ја подобрат нивната способност за справување во предизвикувачки ситуации.

– Игротеките се оази на слободно движење во опасна средина со полн сообраќај – вели професорот Ролф Шварц од педагошкиот факултет „Карлсруе“, кој работи како советник на дизајнерите на игралишта.

– Ако сакаме децата да бидат спремни да преземаат ризици, мора да им дозволиме да се сретнат со ризиците.

Дури и осигурителните компании се согласуваат. Студија од 2004 година покажа дека децата што развиле моторни вештини на игралиште на рана возраст имаат помала веројатност да доживеат несреќи подоцна. Затоа, здружението на германските осигурителни компании минатата година побара да се создадат повеќе игралишта кои ќе им овозможат на децата да развијат вештини за управување со ризик.

– Нашите дизајнери значително ја зголемија висината на кулите за качување во последниве години – вели Дејвид Келер, косопственик на „Берлинер Сеилфабрик“, компанија која прави елементи за игралишта од јажиња уште од 1970 година.

– Децата можеби се чувствуваат несигурни кога првпат ќе се качат на нашите мрежести конструкции, но токму тоа ги прави побезбедни. Кога се чувствувате несигурни, тогаш сте особено внимателни – вели Дејвид.

Многу високите кули за качување што никнуваат во Германија наскоро може да се појават и на игралиштата во Велика Британија и во САД. Меѓународната организација за стандардизација ги ревидира постојните стандарди за спортска и рекреативна опрема, што во иднина може да им даде на дизајнерите поголема слобода да создаваат игралишта што ќе им обезбедат на децата повеќе предизвици и можности за развивање на нивните вештини.

– Забележуваме бавна промена во ставовите кон безбедноста – вели Дејвид Бел, професор по управување со ризик на Универзитетот „Мидлсекс“.

– Сфативме дека игралиштата станаа премногу безбедни и дека згрешивме што ги гледаме само како потенцијална опасност – заклучува тој.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top