Џесика Вандервиер, мајка на три момчиња и психотерапевт, споделува корисни совети за родителството, развојот на детето и предизвиците со растењето на нејзината страница на „Инстаграм“. Најчесто тоа го прави преку приказни од лично искуство, било од нејзините родители било од нејзината улога на родител.
Една од приказните што привлекла најголемо внимание собрала повеќе од 400.000 допаѓања, се однесува на начинот на кој родителите на Џесика ја поттикнале нејзината самодоверба. И методот е навистина уникатен.
-Една едноставна работа што ја направија моите родители за да ми помогнат да ја развијам мојата самодоверба е тоа што тие разговараа со моите кадифени животни за мене.
„Медо, виде ли? Колку брзо се облече и колку силно изгледа во тоа што го носи!“
„Зајко, многу си будалест! Мислиш дека ти ја сакаш најмногу, но тоа не е вистина! Јас ја сакам повеќе!“
„Грижи се добро за неа вечерва, Медо. Многу разгали ја за мене!“
-И јас стоев настрана, задоволно насмеана додека моите родители кажуваа убави работи за мене… И денес, како детски терапевт, гледам колку всушност е длабока и моќна оваа едноставна техника. Слушајќи ги како зборуваат убави работи за мене, почнав да верувам во сето тоа.
Џесика вели дека почнала да ја користи истата „техника“ со својата ќерка.
-Синоќа го пробав истото со ќерка ми. Се свртив кон нејзините играчки: „Слушнавте ли колку храбро беше ова девојче на лекар денес? Не? Па сега ќе ви кажам сè…“ Со аголот на окото ја погледнав ќерка ми, чие лице се осветли, а положбата на телото ѝ се подобри кога ме слушна како кажувам добри работи за неа – напишала Џесика.
На крајот таа посочила дека всушност со нашите зборови го обликуваме детскиот свет.
-Начинот на кој зборуваме за нашите деца кога се млади го обликува нивниот внатрешен глас за иднината. Погрижете се да го слушнат ДОБРОТО – заклучила Џесика Вандервиер.
Автор: Александра Цвјетиќ
912