Средувањето на детската соба понекогаш може да биде вистински ноќен кошмар. Особено ако имате повеќе деца и многу играчки. Меѓутоа, една мајка од Австралија има решение за тоа…
Џесика Мекгинти, мајка на три деца и блогерка, го изгубила трпението како и сите други мајки кога станува збор за средувањето на расфрлените играчки.
Нејзината генијална идеја, која ја сподели на „Фејсбук“, им го привлече вниманието на мајките низ светот и за кратко време стана вистински хит.
Нејзиниот трик е во следното:

– Денес купив корпи во разни бои за детските играчки. Ако ги најдам играчките на подот, ќе завршат во корпите, но ако ги најдам на подот и пред децата да одат на спиење, ќе завршат во кантата за ѓубре затоа што јас ќе ги соберам – напиша Џесика на својот профил.
Оваа идеја предизвика доста позитивни реакции од страна на другите мајки. Објавата има над 40.000 лајкови и е споделена повеќе од 20.000 пати.
– Реакциите се неверојатни. Искрено, немав претстава дека ова толку многу им требало на мајките. Засега, сè во нашата куќа одлично функционира. Децата ги сакаат корпите и полесно им е да ги најдат играчките – изјави Џесика.

 



912

X