Кога имате мало дете, а треба да пристигнете некаде во одредено време, тоа подразбира сериозни стратегии – станување, појадок, облекување и слично, се разбира – со многу убедување и потсетувања.
Во таква ситуација е и Натали Еванс, инфлуенсерка и мајка на петгодишно дете, па на „Инстаграм“ споделила трик кој ѝ помогнал наутро побрзо да го подготви своето дете за училиште – за само 40 минути.
-Ова е одличен трик, секое утро се подготвуваме и пристигнуваме навреме – вели оваа мајка во објавата, а потоа го покажала трикот.
Имено, таа го поделила времето на часовникот на одредени делови и ги обоила со различни бои, за детето да сфати што треба да прави пред стрелката да премине во следната боја.
Црвената боја на часовникот е знак дека е време за станување, зелената значи дека детето треба да појадува, жолтата е знак дека е време да се мијат забите и да се чешла косата, сината го потсетува детето да се облече, а портокаловата е знак дека е подготвено за на училиште.
Мајката вели дека овој трик со бои на часовникот ѝ помага да го подготви своето дете навреме.
-Моето петгодишно дете нема поим за времето. „Имаш пет минути да ги миеш забите“ не ѝ значи ништо – објаснила мајката, додавајќи дека поради тоа, решила да ѝ помогне на ќерка си да знае што и кога треба да прави. Таа додала дека трикот може да се користи и со поголеми деца, за да знаат кога е време за домашна работа, гледање телевизија или подготвување за спиење.
Многу родители биле воодушевени од оваа идеја.
Автор: Тајана Третњак
912