Воспитување

Генерацијата З не сака да има деца – ова се причините

Адолесцентите не размислуваат за семејство затоа што се загрижени за бременоста и породувањето, покажало ново истражување. Две студии спроведени од експерти од Универзитетскиот колеџ во Лондон покажале дека една третина од членовите на генерацијата З не сакаат деца. Причините што ги навеле вклучуваат негативни асоцијации со бременоста и породувањето, како и страв од родителство. Од друга страна, речиси половина од оние што рекле дека сакаат деца во иднина се загрижени околу нивната способност да имаат здраво потомство.

Студиите ги користеле резултатите од истражувањето спроведено на 931 ученик во Англија, на возраст од 16 до 18 години, собрани помеѓу мај 2021 година и јули 2022 година.

Еден труд, објавен во списанието „Човекова плодност“, покажува дека мнозинството од членовите на генерацијата З сакаат да имаат деца во иднина, а речиси половина сакаат да имаат две деца. Сепак, 45 отсто од нив изјавиле дека се загрижени во врска со идното родителство, бидејќи се плашат во каков свет ќе живеат нивните деца. На прашањето што ги загрижува, го навеле следното: страв, сомнеж во себе, здравје и благосостојба, финансиски товар, пречки за личните аспирации и неинклузивно ЛГБТК+ образование.

Оние што изјавиле дека не сакаат да имаат деца, како причини ги навеле негативните асоцијации со бременоста и породувањето, стравот од родителство, одгледувањето дете во свет со неизвесна иднина, разгледувањето алтернативни патишта за родителство и доживување на децата како пречка. Некои, пак, истакнуваат дека не сакаат да имаат деца поради климатските промени.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top