Воспитување

Припадниците на генерацијата X се прогласени за најлоши баби и дедовци

Генерацијата X, оние родени помеѓу 1965 и 1980 година, во последниве години сè повеќе се нарекуваат најлоши баби и дедовци. Тоа е тема што постои веќе некое време, а сè започнало со вирално видео во кое корисник на „Тик-ток“ ги опишува како „ужасни“ баби и дедовци затоа што наводно не сакаат да им помагаат со своите внуци. Наскоро, многу милениумци се придружија споделувајќи ги своите разочарувања, прашувајќи се зошто бабите и дедовците не сакаат да бидат повеќе вклучени во животот на своите внуци.

Во едно од видеата, Кајли Мјуз отворено зборува за тоа како се чувствувала запоставена од нејзините родители кои се од генерацијата X.

-Се чини дека занемарувањето во некоја форма е вообичаена тема меѓу родителите од генерацијата X. И наместо да ја искористат можноста да го поправат својот однос со своите деца и да ги поддржат во она што можеби е најтешкиот период од нивниот живот, тие се повлекуваат уште повеќе. Сè во име на прекумерен индивидуализам и гордост.

@kylies.muse Gen x grandparents and their beloved empty nest 🥴 just say you hate having a family 😭 #grandparents #grandparentsoftiktok ♬ original sound – Kylie ꩜

Но, критиките од помладата генерација не поминаа незабележано, а генерацијата X почна да одговара, и тоа со енергија. Многу од нив истакнуваат дека причините за нивната наводна пасивност се посложени отколку што изгледаат. Џон С. Блејк отворено опишува како генерацијата X пораснала без доволно родителска грижа и станала премногу независна многу рано, не затоа што сакала, туку затоа што немала избор.

-Пораснавме во друго време, нереално е да се очекува од нас да бидеме најдобри баби и дедовци. Како некој од генерацијата X, можам да кажам дека независноста од млада возраст не е нешто со што треба да се фалиме. Тоа само значи дека капитализмот бил толку суров, што нашите родители морале да ги занемарат сопствените деца за да преживеат. А потоа моравме да ги оставиме сопствените деца сами да се грижат за себе, само за да можеме да заработиме доволно за да преживееме – вели Блејк.

@blackfluidpoet Replying to @ellens0061 #foryoupage #homealone #fyp #foryou ♬ Slippin' – Re-Recorded – DMX

Но, можеби најтрогателното објаснување доаѓа од постар милениумец кој го објаснува следното:

-Дозволете ми да ви објаснам нешто. Генерацијата X и постарите милениумци поминале низ многу повеќе од пандемија. Ја преживеавме епидемијата на крек, епидемијата на СИДА… И верувајте ми, беше страшно.

Тој тврди дека растењето, во зависност од социјалниот статус, било сè друго освен безгрижно за многу претставници од генерацијата X, и сите тие изгледа дека пораснале прерано.

Една жена во видеото концизно објаснува зошто очекувањата од бабите и дедовците од генерацијата X да се „најдобрите на светот“ се нереални.

-Пораснавме во сосема друго време. Јас, како и многумина од мојата генерација, бев одгледана од бејби-бумери. И повеќето од нас не беа одгледани од баби и дедовци. Бевме „деца со клуч околу вратот“, ги чувавме нашите помлади браќа и сестри на 7 или 9 години.

„Не сакаме да бидеме бесплатна помош во домот“

Таа додава дека повеќето од нив не сакаат повторно да одгледуваат деца. Тие сакаат да бидат баби и дедовци, а не дадилки. Постои разлика помеѓу тоа да бидат вклучени и да бидат достапни за грижа за децата цело време.

@that1crazy72 Let’s take it a step further. You share DNA with your grandkids they are part of you not everyone gets the privilege of being a grandparent so if you are one take that as a blessing #genxgrandparents ♬ original sound – That1crazy72

Од многу одговори од генерацијата X, јасно е дека ги сакаат своите деца и внуци, но разликите во очекувањата се огромни. Општиот впечаток е дека биле принудени премногу рано да преземат одговорности како возрасни, биле оставени сами на себе и честопати им било кажано дека нивните мислења не се важни.

И додека постои дебата за тоа дали се премногу дистанцирани како баби и дедовци, она што тие всушност го кажуваат е дека сега сакаат да уживаат во слободата што ја немале како деца и дека сакаат да бидат сакани и почитувани како поединци, а не да се третираат како бесплатна помош. Во многу од видеата тие гордо зборуваат за своите внуци, но јасно ја повлекуваат границата: не сакаат да ги одгледуваат.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top