Ако сте помислиле дека само вашето дете се мурти кога ќе му понудите домат, краставица, грашок или боранија, воздивнете. Не е до него. Децата главно имаат аверзија кон зеленчукот, за што е одговорен генот „TAS2R38“ – покажале резултати од една студија.

Истражувањето открило дека всушност се работи за одбивност на малечките деца кон горчливиот вкус, која се развива во понатамошно неприфаќање на зеленчукот. Истовремено, децата се раѓаат со повеќе од 10.000 рецептори на вкус, таканаречени „пупки за вкус“, а како што  поминува времето, нивниот број се намалува до 3.000. Тоа значи дека децата го чувствуваат поинтензивно вкусот на зеленчукот и на другите горчливи намирници, за разлика од возрасните, што е објаснување зошто не уживаат во зеленчукот, туку попрво би јаделе слатки.

Со текот на времето, како што се намалува бројот на рецепторите за вкус, луѓето почнуваат да ги сакаат намирниците од кои бегале како мали деца.



912

X