Од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје (ГАК) информираат дека ниту едно од новороденчињата во инкубатор што се во критична состојба не било доведено во живото-загрозувачка состојба, ниту, пак, дошло до влошување на нивната првобитна здравствена состојба откако вчера попладне имаше краток прекин на електрична енергија.
Од Клиниката реагираат по информацијата дека не се вклучил агрегатот откако снемало струја на клиниката.

– Напоменуваме дека сите новороденчиња на ОИНТ – одделението за интензивна нега и терапија се стабилни. Службите веднаш реагираа и во најкус временски период ситуацијата беше ставена под контрола. На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство има повеќе механизми за заштита и безбедносен систем, а секој витален апарат е поврзан на UPS, опција која е во функција додека не се вклучи агрегатот. Уште еднаш ја уверуваме јавноста дека ниту еден процес на Клиниката не беше загрозен во кусиот период кога ЈЗУ ГАК остана без напојување со електрична енергија – информираат од ГАК.



912

X