Габор Мате објаснува кои се трите форми на родителство и како да ги препознаеме:

-Можеме да зборуваме за три форми на родителство.

Попустливо родителство е кога дозволувате секакво однесување и не се мешате. Тоа е најлошото нешто што можете да го направите. Децата треба да чувствуваат дека некој е главен.

Родителството не е демократија. Тоа е хиерархија. И во хиерархијата има доминантна сила. Родителот доминира над детето, не за да го искористува или ограничува, туку за да го негува и поддржува.

Ако имате едногодишно дете, тоа нема право да одлучи дали ќе ползи надвор во зима. Едноставно, тоа е хиерархија, а не демократија. Значи, тоа е попустливо родителство и не е особено добро.

Постои и казнено родителство – тоа е авторитативно родителство.

Помеѓу е златната средина.

Значи, имаме попустливо родителство, авторитетно родителство, а во средината има авторитативно родителство, што значи – „јас сум одговорен, знам што е добро за тебе“.

Јас сум авторитетот, па знам што да правам со тебе. Затоа, кога детето е вознемирено, велам „Вознемирен/а си. Се лутиш на мајка ти. Мама не ти дава слатки пред вечера. Вознемирен/а си поради тоа. Дојди овде. Знам како се чувствуваш.“ Со други зборови, вие ја препознавате емоцијата, не го казнувате детето затоа што е емотивно и го гушкате, затоа што детето треба да научи да може да помине низ тие комплицирани емоции и да ги надмине – заклучува Мате.

Извор



912

X