Франција наскоро ќе воведе задолжително отсуство за татковците. Оваа недела претседателот Емануел Макрон го претстави својот план да им овозможи на татковците да бидат дома еден месец по породувањето.

Макрон истакна колку се важни интимните моменти на родителите и нивните новородени бебиња.

– Кога ќе се роди бебето, нема причина само мајката да се грижи за него. Важно е да има поголема еднаквост во поделбата на одговорностите – рече тој.

Отсега татко или друг родител во истополова заедница може да земе 14 слободни дена по раѓањето на детето. Макрон се надева дека ќе го удвои тој број на 28 дена. Покрај тоа, татковците ќе добиваат дневници што треба да се плаќаат од државното здравствено осигурување во Франција. Одморите ќе треба задолжително да траат минимум седум дена. Според Макрон, компаниите што не им дозволуваат на своите вработени да земат една недела платено татковско отсуство ќе бидат казнети со 7.500 евра.

– Времето е важен фактор за воспоставување врска помеѓу детето и родителот. Тековниот период од 14 дена е многу краток – објаснува францускиот претседател.

„Њујорк тајмс“ известува дека татковците во Франција можеле да користат породилно отсуство од 2002 година, а се проценува дека го користат околу 70 отсто од татковците.

Во Франција, по породувањето мајките мора да земат породилно отсуство од минимум 16 недели и 26 недели по раѓањето на третото дете. За тој период добиваат надомест од државата.

Планот на Макрон треба да стапи во сила во јули 2021 година.

Финска е една од земјите каде што татковците најмногу користат породилно отсуство. Оваа земја им дозволува на своите граѓани 164 дена еднакво платено породилно отсуство, без оглед на полот.

Извор



912

X