Игротека

„Фраерски е да се чита – недела на кул книги во ТРИ“. Многу дела, попусти, дружби…

Под мотото „Фраерски е да се чита – недела на кул книги во ТРИ“ издавачкиот центар ТРИ од денеска почнува кампања за подигнување на читателската свест кај младите.
Со богата двонеделна програма проследена со убав избор на повеќе дела за млади по одлични цени, од ТРИ очекуваат да ги заинтересираат младите за читање добри книги.

Интересни настани збогатени со музика, средби на читатели и млади автори, промоции на книги – се само дел од програмата чија цел е приближување на книгата до младите.
– Преку оваа акција сакаме да им покажеме на младите луѓе дека книгите нудат слобода на умот како што не нуди ништо друго. Дека јунаците од страниците се реални и живеат во секој од нив. Дека сите деца се херои ако веруваат во себе! Со оваа кампања нудиме еден неограничен свет во кој сѐ е можно, ги поттикнуваме децата да веруваат во чуда и целта е да ја разбудиме креативноста во сите – велат од ТРИ.

Славниот Нил Гејман вели дека не постои такво нешто како литература за деца и млади. Има еден свет на фантазија во кој сè е можно и сите обични нешта имаат магија, само треба да ја препознаеш.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top