Симон Севен пораснала без да види особено претставување на црната раса, па сакала нејзината ќерка да го нема истото искуство. За да им го покаже на другите она што го искусила, била инспирирана од бајките и ги искористила своите вештини за фотографирање и монтажа за да се трансформира во принцеза на Дизни. Севен била воодушевена од коментарите во врска со нејзината трансформација во Пепелашка.
– Откако ги постирав фотографиите онлајн, реакциите ме натераа да сфатам дека има нешто повеќе од самата трансформација. Добивав приказни од мајки и фотографии од нивните деца во костими на принцези- рекла таа.
Иако Симон Севен израснала во куќа во која била славена црната култура, кога пораснала сфатила дека кај многумина тоа не било застапено. Таа изработила фотосесија од себеси облечена како пет принцези: Ариел од „Малата сирена“, Тиана од „Принцезата и жабата“, Јасмин од „Аладин“, Малефисент и Златокоса.
фото: Симон Севен
Таа сакала младите црни девојки да се уверат самите. „Сакам да се чувствуваат горди на себе. Сакам да знаат дека ги гледам, ги сфаќам и дека не се заборавени. Додека растев имав само кафени кукли Барби, гледав обоени луѓе во филмовите и имавме уметнички дела од црни уметници во нашиот дом“, раскажува Севен. Била шокирана кога слушала како жените ѝ велат: „Никогаш немав чувство дека сум убава додека не те видов тебе“.
Идејата за трансформација во Пепелашка ја добила од верзијата во 1977 година со Витни Хјустон и Бренди. Откако ја објавила фотографијата, добила огромна поддршка, стотици пораки и многу барања за други трансформации.
фото: Симон Севен
Жена од Франција ѝ испратила цел текст кој Севен требало да го преведе со „Гугл транслејт“. „Таа рече дека ако гледала нешто такво додека растела, многу нешта ќе биле поинакви“, изјавила Севен.
Досега комплетирала 6 трансформации, а за секоја ѝ биле потребни 8 часа.
фото: Симон Севен
фото: Симон Севен
Севен сака младите црни девојки да останат силни и да знаат дека се важни. Верува дека е потребно поголемо присуство во медиумите, но социјалните мрежи ја менуваат ситуацијата на подобро.
„Социјалните мрежи играат голема улога во демократизација на нештата што ги гледаме. Сега луѓето имаат глас. Полека, но сигурно, промената доаѓа“, рекла Севен.
фото: Симон Севен
Автор: Зои Етингер