Една непозната жена ги освои срцата на интернет-корисниците низ светот заспивајќи на фудбалскиот натпревар на нејзиниот син. Оваа видно исцрпена мајка спиела на земја.
– Овој четврток имате можност да го видите мојот херој. Додека другите мајки стоеја и загрижено викаа, оваа жена легна наземи, ја потпре главата на чантата, го покри лицето со јакната и заспа. Одвреме-навреме ја будеше вревата, таа потскокнуваше, ги подигнуваше рацете и навиваше – рече фотографот Гленон Дојл.
Таа носи важна порака: жените треба да се одморат кога се толку уморни!
– Ајде да ги запознаеме. Ајде да ги воздигнеме, јас би ја номинирал оваа мајка за херој, за претседател. Ти скандирам, мајко – рече фотографот.
Многу мајки ја поддржале жената.
– Фала што покажуваш дека мајките имаат право да се одморат – напиша една мајка.
– Ми се допаѓа нејзиниот чин со кој покажа љубов кон себеси – напиша друга.
– Ова е бесценето – напиша трета.
912