Игротека

Фотографија што го трогна светот – војник спаси бебе од снежна бура

Снежна бура ја погоди Северна Каролина, во опасност беа многу луѓе, а хуманиот чин на овој човек остана запаметен и забележан на фотографија.

Во моментите кога ни се загрозени животите, доколку имаме дете, јасно ни е што ќе ни дојде прво на памет. Децата секогаш се првите што треба да се спасат.

Животот им бил загрозен на членовите на едно семејство во Северна Каролина. Овој дел од Америка го зафати снежната бура „Диего“. Додека сите семејства од најзагрозените делови биле предупредени да не излегуваат од домовите, да се скријат додека не помине опасноста, едно семејство бурата го затекна на пат до дома.
Ситуацијата беше уште поалармантна затоа што семејството било со своето бебе. За да се спаси семејството, била ангажирана и националната гарда на Севера Каролина.

– До куќата не можеше да се стигне со автомобил, па дури ни брзата помош не можеше да стигне до нас – изјави Џесика Гилберт. Единствено националната гарда успеа да им помогне.

Војникот успеа да го спаси бебето, заедно со седиштето за бебиња го изнел од автомобилот. Го прекрил бебето со ќебе и го пренел на сигурно. Бебето сега е добро, а луѓето успеале оваа ситуација да ја забележат на фотографија, која сега кружи по друштвените мрежи.
Луѓето се воодушевени од постапката на младиот војник, ги истакнуваат неговата добрина и храброст. Под фотографијата стои и коментар на мајката, која е пресреќна затоа што го однел нејзиното дете на сигурно:

– Овој човек му го спаси животот на едно беспомошно суштество и навистина е потребно да се пофали таквиот гест.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top