Игротека

Фотографија што го насмеа светот. Кога целата тоалетна хартија што ја купи мама ќе стане детска играчка

Иако мајката сакала да се снабди со доволна количина на тоалетна хартија за време на вонредна состојба, децата имале друга идеја.

Среде пандемијата на коронавирусот луѓето низ светот се плашат дека ќе останат без основните намирници за живот. Паниката и стравот ги тераат да купуваат премногу и да се опремат со храна и средства за хигиена во големи количини.

Една мајка од Хемпшир купила 18 ролни тоалетна хартија за семејство да биде безгрижно, но не очекувала дека тие ќе им станат играчки на нејзините деца.

– Мојата пријателка купи 18 ролни хартија, а децата ги потопија сите во када полна со вода – напишал Ед Куминг на својот твитер-профил.

Фотографијата многу брзо се рашири и наиде на многу интересни реакции.

 

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top