Игротека

Фотографија од штотуку родено бебе – хит поради неговата гримаса

Урнебесна фотографија направена во текот на породување во Бразил покажува намуртено новороденче додека лекарите се обидуваат да го расплачат.

Изабела Переира де Хесус е родена со царски рез во болницата во Рио де Жанеиро. Докторите често ги поттикнуваат бебињата да плачат по раѓањето бидејќи тоа покажува дека им работат белите дробови. Но, кога специјалистката за породување ја натерала Изабела да направи звук, бебето воопшто не било импресионирано.

Мајката Дајан де Хесус Барбоса го ангажирала локалниот професионален фотограф Родриго Кунстман да го сними нејзиното породување, така што тој бил во можност да го фотографира лицето на бебето.

За бразилскиот магазин „Крескер“ фотографот рекол дека докторката дури и морала да му каже на бебето да заплаче, а тоа направило сериозен израз на лицето и почнало да плаче дури кога била пресечена папочната врвца.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top