Игротека

Фотографија на денот: Мост од играчки помеѓу Романија и Украина

Историскиот дрвен мост на реката Тиса, лоциран во Сигету Мармациеј, Северна Романија, беше претворен во „мост oд играчки“ откако работниците на локалната гранична полиција и другите локални жители донесоа играчки за украинските деца бегалци.

– Обичните луѓе, граничарите и волонтерите ги поставија овие играчки на рабовите на мостот за децата што влегуваат во Романија, а доаѓаат од Украина, да можат да си земат кадифена играчка – напиша граничната полиција во објава на „Фејсбук“.

Граничната точка во Сигету Мармациеј е една од трите гранични точки преку кои украинските бегалци можат да влезат во Романија.

Откако на 24 февруари Русија ја нападна Украина, над 1,5 милион украински деца ја напуштиле земјата, што е околу 55 во секоја минута, објави УНИЦЕФ.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top