Преку необична фотографија од хартиена чинија една адвокатка и мајка дала објаснување зошто заздравувањето по породувањето е неопходно.

Факт е дека времето по породувањето е клучно за заздравување. Вашата матка има големина на лубеница, па сега ѝ е потребна шанса да се врати на својата природна големина. Хормоните нагло пораснале и исто така се „срушиле“. И кој да знае што се случува со сите други внатрешни органи, карлицата и се разбира – вагината.

Неодамна наидовме на многу важна фотографија која совршено покажува зошто на жената ѝ е потребно сето тоа време по раѓањето дете. Фотографијата ја споделила адвокатката и мајка Лаура Фрај. Искористила хартиена чинија за ја прикаже раната што останува од плацентата по породувањето. И навистина, ова нејзино објаснување е генијално.

„22 сантиметри… токму тоа е пречникот на една хартиена чинија купена во кинеска продавница. Токму тоа е и просечниот пречник на плацентата“, објаснила преку фотографијата.

Генијално, зарем не? По ова, се обидела да го објасни значењето на оваа хартиена чинија (плацента). Објаснува дека повеќето жени добиваат совет да не се форсираат неколку недели по породувањето, иако повеќето од нив не се ниту свесни зошто. Една од причините, според зборовите на Лаура, е дека по исфрлањето на плацентата кај жените останува рана во нејзината големина и за тоа навистина е потребно време.

„На таа рана ѝ се потребни најмалку 4-6 недели за целосно да заздрави. Во текот на тој период жената е подложна на инфекции и крвавење. Дури и ако немало никакви компликации во текот на вагиналното породување, потребна е поголема грижа за себе, како и избегнување на прекумерна работа“.

Навистина е важно да се разбере целата оваа приказна од фотографија бидејќи многу жени не се свесни што се случува со нивниот организам.

Лаура истакнала дека таа не е лекар, но дека сепак е важно разбирањето на сето ова. Одморот и разгаленоста би требало да ни бидат приоритет на сите, а луѓето околу нас би требало да ни дадат целосна поддршка (вклучувајќи ги и шефовите).

 

 

Во едно интервју Лаура ја раскажала и својата приказна од породувањето, во која објаснила дека самата, по породувањето, решила дека за второто и третото породување ќе си подготви вистински одмор и заздравување.

„По породувањето на една од моите пријателки разговарав со многу жени за заздравувањето по породувањето. Во моментот ми светна светилката во главата, па веднаш почнав да барам низ куќата нешто со пречник од 22 сантиметри… пронајдов чинија и остатокот од приказната го знаете“.

Во секој случај, ова е генијална идеја за да се подигне свеста на луѓето. Се надеваме дека сè повеќе жени ќе почнат да ги сфаќаат своите потреби по породувањето многу посериозно, дека околината ќе ги поддржи и ќе направи промени на системско ниво.

 



912

X