Родителството не е лесно, особено на почетокот. Но, третина од младите мајки ја прикажуваат само позитивната страна од родителството на социјалните мрежи.
Една студија набљудувала 1.000 жени што го родиле своето прво дете во изминатите 5 години. Се утврдило дека речиси половина од нив ги користат социјалните мрежи како бегство од осаменоста во првата година од животот на детето. Всушност, 44 отсто од мајките се споредуваат себеси со други родители на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.
Мајките истакнуваат дека првата година од животот на бебето е всушност период на замор, стрес, хаос и тоа многу повеќе отколку што очекувале.
„Фотографиите на бебињата се прекрасни, но зад нив најчесто се крие исцрпеност, а некогаш и осаменост на мајката, која всушност бара поддршка и љубов“, истакнува една мајка.
Студијата покажува и дека три четвртини од жените велат дека првата година од родителството е многу потешка отколку што очекувале. Сепак, 9 од 10 од нив нагласуваат дека родителството, и покрај сè, им е најубавата работа во животот.

Сепак, поради таа осаменост, многу мајки бараат утеха во социјалните мрежи. Лајковите и убавите коментари прават да се чувствуваат малку подобро. Важно е да бидеме свесни дека лајковите не се доволни и дека секогаш треба да побараме помош кога ни е потребна, да ги искажеме своите чувства и отворено да зборуваме кога нешто не мачи.