Утре е последен ден за испраќање фотографии од украсените градинки.
Само фотографиите што ќе бидат испратени до 24 декември, до 23:59 часот, ќе бидат земени предвид и ќе бидат објавени.
Гласањето ќе заврши в среда, 29 декември, во 12 часот напладне, кога ќе биде прогласена најдобро украсената градинка.
Се земаат предвид лајковите што се појавуваат најдолу на текстот за секоја градинка објавена на страницата Деца.мк.

Деца.мк ви благодари што ни дозволивте да ѕирнеме во вашите простории и ни пренесовте дел од волшебната атмосфера.