Ленарт Нилсон (1922-2017) е шведски фотограф кој успеал да ги измеша неговите две страсти. Тој ги искомбинирал науката и фотографијата успевајќи да направи фотографии од фазите на развој на бебето со цистоскоп. Во 1957 година тој ги направил првите фотографии, но тие биле црно-бели и заматени.

Бидејќи Нилсон не бил задоволен од сликите, чекал десет години за во 1967 година да го повтори процесот. Овој пат фотографиите биле одлични, а списанието „Лајф“ ги објавило токму поради нивната јаснотија и длабочина во прикажувањето како точно почнува животот.

Изданието на списанието стана многу популарно, па за неколку дена било распродадено. Насловот на серијата фотографии на Нилсон бил „Драма во животот пред раѓањето“. Од фотографиите можете да ги видите хаосот и кревкоста на зачнувањето.

Фотографиите поттикнале дискусија за точката каде почнува животот, а повеќе активисти против абортус почнале да ги користат за поддршка на нивната цел. Во продолжение можете да ги видите фотографиите и фазите на развој на бебето во матката.

Сперматозоидите се движат кон јајце-клетката. Може да се види како спермата се приближува до јајце-клетката.
Сперматозонот продолжува да плива кон јајце-клетката во фалопиевата цевка.
Овде почнува животот. Сперматозоидот се судира со јајце-клетката.
Фузијата продолжува. Само сперматозоидот што има среќа стигнува до јајце-клетката.
Сперматозонот одблизу. Главата ја држи ДНК што ќе се помеша со јајце-клетката за да се создаде генски состав на бебето.
Бебе во матката. Треба да помине само една недела за ембрионот да ја промени својата позиција од фалопиевата цевка во матката.
Имплантација. По една измината недела, ембрионот е прикачен на ѕидот на матката.
18. ден. Отчукување на срцето. Срцето на бебето почнува да чука 18. ден од зачнувањето.
28. ден.
Развој на карактеристиките на лицето.
Постојан развој на ембрионот. Овде може да видите како изгледа ембрионот во осмата недела.
Движење на рацете. Фетусот со прстите ја испитува околината.
Можете да видите што има под кожата.
18. недела. Сега фетусот почнува да ги слуша звуците надвор од утробата на мајката.
20. недела. Сега бебето треба да е 20 сантиметри.
26. недела. Бебето е старо седум месеци. Остануваат само два месеца до денот на раѓањето.

Извор



912

X