Игротека

Фотографии што ја покажуваат болката на родителите на прерано родените бебиња

По години поминати во лекување на неплодноста, вклучувајќи и пет неуспешни оплодувања, едно ин витро оплодување и спонтан абортус во десеттата недела во бременоста, Стефани Дурфи и нејзиниот сопруг Џон конечно биле среќни кога дознале дека Стефани е бремена.

Сепак, тие морале да поминат низ тежок пат затоа што нивната ќерка Аделин имала тежок почеток во животот: се родила 14 недели порано и тежела само 800 грама.

Откако Стефани имала прееклампсија со невролошки проблеми, лекарите стравувале дека ќе добие мозочен удар доколку не се породи што е можно побрзо. Бебето Аделин се родило три месеци порано и првите две години од животот ги поминало во болница, а првите 114 дена во неонатална интензивна нега со нејзините родители. Ова храбро девојче поминало низ многу операции и погрешни дијагнози.

Стефани ги објавила фотографиите од одделот за неонатална интензивна нега за да им покаже на луѓето дека не е лесно и да видат дека не им читаат само книги на своите бебиња додека чекаат тие да добијат сила и да си одат дома.

Стефани сподели многу фотографии на својот инстаграм-профил за секој да може да види колкава болка чувствуваат родителите додека се во неизвесност за животот на своите малечки. На Аделин ѝ бил дијагностициран некротизирачки ентероколитис, кој влијае врз мал број новороденчиња, а само 50 отсто од децата го преживуваат.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top