Во последниве 10 години Денис Дехарт, професор по фотографија на Државниот универзитет во Вашингтон, се обидувал да им покаже на своите деца Емит и Ашер зошто природата е толку добра.

Резултатот, како што објави порталот „Фадерли“, е серија од фотографии наречени „Игра“, уметничка медитација за важноста за слободната игра во природата. Дехарт вели дека сето ова му го должи на својот дедо, кој го носел во шумата кога бил мал, па сакал оваа традиција да им ја пренесе на своите деца. 








912

X