Пред три недели гордиот татко Деванте Бенет-Дотсон и неговата ќерка Лондин го прославија својот роденден. Девојчето пристигнало на свет пред три години, само еден ден по роденденот на татко ѝ. Врската помеѓу нив отсекогаш била посебна, а оваа недела нивните фотографии станаа вирални.

Мајката на Лондин, Ашглеин Шепард, е талентиран фотограф и на „Фејсбук“ објавила серија фотографии на кои таткото и ќерката се облечени во комбинезони и поправаат автомобили. До идејата дошла гледајќи ја ќерка си како го имитира татко ѝ.

„Во слободно време сум механичар, а Лондин секогаш ме набљудува и се обидува да помогне“, раскажал Бенет-Дотсон за списанието „Пипл“.

Истражување покажало дека татковите-милениумци поминуваат трипати повеќе време со своите деца отколку претходните генерации, а овој татко и ќерка го докажуваат тоа.
„Ако тој е надвор, и таа е надвор. Ако тој е под автомобил и го поправа, и таа го поправа“, вели мајката на Лондин за „Добро утро, Америка“.

фото извор: Facebook

Објавата на „Фејсбук“ е споделена над 31.000 пати, а таткото вели дека никогаш не очекувал нивните фотографии да привлечат толку големо внимание.

Во неделата што ја обележаа момчиња и мажи кои играат балет убаво е да се видат и татковци како учат ќерки дека можат да го прават она што многумина го гледаат како традиционална машка работа.

Автор: Шар Адамс



912

X