Здравје

Фотографии на мајки кои ја слават несовршеноста на телото по бременоста и породувањето

Притисоците на општеството и околината често се преголеми. Наметнатите стандарди на убавина на кои сведочиме преку огласите и друштвените мрежи пред нас, жените, многу често ставаат нереални очекувања. Гледањето во објективот на фотоапаратот, за жал, може да биде застрашувачко – особено по бременоста и породувањето. Но, нешто се менува. Во морето фотографии направени до совршенство, на друштвените мрежи во последно време се појавува и една нова реалност. Мајките гордо ги покажуваат своите тела, со сите несовршености. Благодарение на хаштазите „#this_is_postpartum“ и „#everywomanisanangel“, инспиративните слики како оние што ќе ги видите во продолжение се на насловната страница на „Инстаграм“.

„Стомакот ми е прекриен со стрии и вишок кожа. Совршено за љубопитни мали рачиња кои можат да влечат и влечат“.

„Знам дека постојат жени кои не се враќаат на виткото тело после бременоста + плачат кога ќе се погледнат во огледало, како што јас направив денес“

„Бев толку загрижена заради тоа како изгледам, па отидо дури до тоа да ја направам оваа грда тетоважа, за да се обидам да ги прикријам неправилностите, се обидов да ги прикријам доказите за своите бебиња“

„Моето тело е силно и убаво, токму вакво“

„Ја споделувам оваа фотографија за да покажам дека е целосно во ред да се споделуваат и такви фотографии на друштвените мрежи“

„Не, не сум грда. Не, не сум дебела. И да, одбивам да верувам дека не вежбам доволно!“

„Ова е за тебе. Сакана си. Вредна си. Доволна си.“

„Одлучив да се сакам себеси! Мојата вредност не произлегува од моите лузни и стрии“

„Да ги нормализираме вистинските (и преубави) тела на жените“.

Автор: Ана Хлача

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top